„Кралевите“ стигнаа во Белград, каде што ги пречека срамна порака (Видео)

Кошаркарите на Реал Мадрид стигнаа во Белград, каде што вечерва ги чека третиот меч од четвртфиналето на Евролигата против Партизан.

Поради хаосот во Мадрид и тепачката на претходниот дуел, „кралевите“ ги чека вистински пекол во белградската Арена.

Ѕвездите на шпанскиот гигант вчера стигна во Белград, каде што ги пречека срамна порака и им го најави пеколот.

Натпреварот меѓу Партизан и Реал Мадрид се игра вечерва од 20.30 часот и се очекуваат големи тензии.