„Кралевите“ веруваат во Азар: Полека, но сигурно ќе ни покаже што знае!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Еден Азар стигна во Реал Мадрид во 2019 година, а беше ангажиран како голема ѕвезда, но засега неговиот трансфер изгледа како големо промашување.

Повредите го уништија, но сепак „кралевите“ веруваат во Азар, а тоа го потврдува и изјавата на тренерот Зинедин Зидан.

„Секако дека се надеваме дека ова ќе биде негова година. Сигурни сме во него. Имаше тежок период, но убедени сме дека може да ни помогне. Дојде тука за да покаже за што е способен. Полека, но сигурно ќе го видиме во составот“, кажа тренерот на Реал Мадрид.