Кралицата во солзи: Томљановиќ ја испрати Серена Вилијамс во пензија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Една од најдобрите тенисерки во историјата, Серена Вилијамс ја заврши кариерата откако во третото коло на Ју-Ес Опен беше поразена од Аља Томљановиќ.

Томљановиќ во одличен меч славеше со 7-5, 6-7 и 6-1 по повеќе од три часа игра, а тоа воедно беше 109. меч на турнирот за Серена, но исто така и последен.

„Се обидов да победам, но Аља играше одлично. Ви благодарам на сите кои ми дававте поддршка во текот на овие години. Им благодарам и на моите родители, тие заслужуваат почит. Ова се солзи радосници. Ѝ благодарам и на Венус, таа е единствена причина зошто Серена постоеше“, кажа американската тенисерка.