„Кралот“ Леброн стигна до 39.000 поени во НБА (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс минатата ноќ беа подобри од Јута џез со убедливи 131-99, а Леброн Џејмс постигна 17 поени за 24 минути на паркетот.

Леброн стигна до бројката од 39.000 поени во НБА-лигата и далеку зад себе ги остави останатите ривали.

Атланта синоќа загуби од Индијана во натпревар со повеќе од 300 поени, откако гостите славеа со 157-152.