Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го освоија Комјунити Шилд.
Црвените ѓаволи го победија Лестер со 2:1, а јунак е Златан Ибрахимовиќ кој го постигна победничкииот гол во овој меч.
Јунајтед добро влезе во мечот. Имаше неколку обиди кон голот на Каспер Шмајхел, но Лестер ја имаше првата голема шанса.
Шинџи Оказаки ја здрка пречката после корнер, а Јунајтед имаше среќа.
Сепак, во 31 минута екипата на Жозе Мурињо поведе. Џеси Лингард помина неколку играчи на Лестер, и го матираше Шмајхел за предност од 1:0.
Со овој резултат се отиде на одмор, а актуелниот шампион на Англија во 52 минута успеа да стигна до израмнување.
Маруан Фелаини направи голема грешка, ја додаде топката до Џејми Варди, кој подарокот го искористи и погоди за 1:1.
Доста тврд натпревар е виден до крајот. Ахмед Муса имаше добра шанса за Лестер, но го префрли голот од неколку метри, а казната стигна во 83 минута кога Златан Ибрахимовиќ со шут со глава погоди за победа и трофеј на Манчестер Јунајтед.