Кралски потег на Реал Мадрид и Флорентино Перез!

Реал Мадрид го освои првиот Куп на европските шампиони (Лигата на шампиони) во далечната 1956 година, откако во финалето славеше против Ремс, кој во своире редови го имаше легендарниот Рејмонд Копа.

Копа подоцна се пресели во Мадрид, каде што играше до 1959 година, но се врати во Ремс и ја заврши кариерата.

Ремс по 57 години се врати во европските натпреварувања, па ако се изборат преку квалификациите, на крајот би можеле да играат во групната фаза од Лига Европа.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез со емотивна порака го поздрави францускиот клуб и порача дека му е мило што повторно се на меѓународна сцена.

„Перез ни испрати емотивна порака и ни порача дека е среќен зашто пак се вративме на европската сцена“, изјави претседателот на клубот Жан-Пјер Каило.