Кратко траеше тренерската авантура на Марадона во Аргентина


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Според пишувањето на аргентинскиот весник „Кларино“, Диего Армандо Марадона ќе ја напушти клупата на аргентинскиот прволигаш Химназија Ла Плата.

Марадона наводно ќе си замине поради одлуката на клупскиот претседател, Габриел Пелегрини кој наводно нема да се кандидира повторно за таа позиција. Поради Пелегрини, Марадона пристигна на местото тренер на Химназија, но сега работите може да се променат.

Легендарниот Марадона не успеа да го подигне нивото на клубот, па Химназија во моментов и понатаму е во зоната на испаѓање со само три победи во 13 натпревари.