Крауч со трансфер совет до Манчестер Јунајтед: Донесете го, тој веднаш ќе има влијание во тимот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според поранешниот премиерлигашки напаѓач, Питер Крауч, Манчестер Јунајтед треба да тргне по услугите на Герет Бејл доколку не успее да го ангажира Џејдон Санчо.

Велшанецот се поврзува со заминување од Реал Мадирд, клуб кој по секоја цена ќе сака да се ослободи од неговите услуги ова лето.

„Би можел да го видам Герет Бејл во Манчестер Јунајтед. Јунајтед изгледа како клуб во кој тој може да се прилагоди и клуб на кој може да му донесе нешто. Нема многу клубови во светот кои можат да си ја дозволат неговата плата , а Манчестер Јунајтед е еден од нив.

Не сум сигурен до каде се во напорите за ангажман на Џејдон Санчо, но Бејл би бил одлична опција за нив доколку го обезбедат неговиот потпис на позајмица, тој ќе биде супер засилување за клубот“- изјави Крауч.