Кристал Палас никогаш посилен: Пристигна уште еден спектакуларен фудбалер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот прволигаш Кристал Палас не прекинува со доведување на одлични фудбалери во овој преоден рок.

После доведувањето на Андрос Таусенд, Стив Манданда, во Кристал Палас пристигна уште еден спектакуларен фудбалер.

Имено, станува збор за најдобриот дефанзивец на Вест Хем од минатата сезона Џејмс Томкинс кој воодушеви со неговите партии од минатата сезона.

Томкинс беше најбитниот фудбалер на Вест Хем мината година, барем кога е во прашање дефанзивниот дел од тимот, а сега ќе се дружи со Алан Пардју во амбициозниот Кристал Палас.

Исто така, потписот на фантастичниот Кристијан Бентеке се очекува утре.