До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кристијано Роналдо одбива да игра за Ал Наср. Поради внатрешни несогласувања околу трансфер политиката веќе пропушти два меча на својот тим, а сега доби јасна порака да ја почитува лигата и државата или да си замине.
Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во светот. Легендарниот Португалец во Саудиска Арабија има плата од 200 милиони евра годишно, но и по три години нема трофеи.
Сега Роналдо одбива да игра за Ал Наср. Незадоволен од трансфер политиката на клубот, пропушти веќе две натпревари и не се знае кога повторно ќе се појави на теренот.
Иако навивачите му даваат поддршка, Роналдо доби јасна порака од Саудијците. Или играј или напушти ја државата која ти даде огромни пари.
Познатиот новинар Валид Ал-Фарај јавно му порача:
„Роналдо треба да знае каде му е местото. Ова е Саудиска Арабија, а не Роналдо Арабија,” порача Ал-Фарај и дополнува:
“Тој е тука само вработен. Заработува огромни пари, повеќе отколку што некогаш во Европа. Треба да ја почитува оваа лига или да си оди,” јасна е пораката на овој новинар.
















