Кристијано Роналдо им порача на челниците на Јуве кој напаѓач треба да го доведат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус во наредната сезона сака конечно да ја освои Лигата на шампионите, а јасно е дека за тоа на новиот тренер на Јуве му се потребни уште неколку засилувања.

Старата дама во минатата сезона не успеа да дојде до толку посакуваната титула во ЛШ, иако минатото лето го доведоа Кристијано Ронало. Но, самиот Португалец не е доволен за тоа да го оствари, а од Јувентус најавија уште неколку засилувања за ова лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека во трансферите вмешал прсти и Кристијано Роналдо, односно дека ги советувал челниците на Јуве кои играчи треба да ги доведат ова лето.

Роналдо им порачал дека им е потребен млад напаѓач, бидејќи на располагање ги имаат само Марио Манџукиќ и Моисе Кин кој сеуште е премлад за посериозните работи.

Наводно, Роналдо предложил да се доведе Ромелу Лукакум кој претходните неколку недели се поврзуваше со Интер. Белгиецот сака да го напушти Олд Трафорд што би било олеснување за управата во преговорите.

Но, од Јунајтед порачаа дека тој може да си оди за 75 милиони евра, а тоа за клуб како Јувентус не би требало да биде проблем.