Кристијано Роналдо ја откри реченицата со која Зидан секогаш го мотивирал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо откри дека во првиот мандат на Зидан на клупата на Реал се чуствувал посебно.

„Многу ми помогна. Веќе имав големо почитување спрема него, но работата со него допринесе да останам воодушевен. Начинот на кој разговараше со мене и како ме третираше, беше нешто посебно“, рече Роналдо.

Кристијано исто така сакаше да укаже на тоа, колку е важно со какви луѓе е опкружен еден фудбалер.

„Самодовербата која е потребна на играчот не зависи само од него туку и од луѓето со кои е опкружен. Тука најмногу мислам на другите играчи, но и на тренерот“, изјави Кристијано Роналдо.

На крајот од разговорот ја откри и реченицата која секогаш го мотивирала, која Французинот постојано му ја повторувал.

„Често сакаше да му каже да се одморам, бидејќи јас ќе ја направам разликата на теренот. Ја сакав таа негова искреност и тоа е причината што секогаш ќе има посебно место во моето срце“, заврши Роналдо.