Кристијано Роналдо се пофали на социјалните мрежи: Првак во Англија, Шпанија и Италија..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот и во Јувентус продолжи со одличните натпревари.

Со натпреварите кои се играат во сабота и недела се става крај на уште една сезона од Серија А.

Во Италија ништо не е променето, па така Јувентус, осми пат по ред ја освојува титулата.

Клубот од Торино на почетокот од сезоната доведе ново големо засилување откако Кристијано Роналдо од Реал Мадрид пристигна во клубот за 100 милиони евра.

Сепак, Португалецот не успеа со Јувентус да ја освои Лигата на Шампионите, но со своите фантастични натпревари допринесе многу за овој клуб да стигне до оваа титула.

Роналдо оваа сезона во Серија А одигра 31 натпревар и постигна 21 погодок, а запиша и 11 асистенции, а пред неколку денови тој е прогласен за најкорисен играч во Италија.

Тој на својот официјален Твитер профил се пофали со своите нови трофеи:
„Првак во Англија, Шпанија и Италија… Најдобар играч во Англија, Шпанија и Италија… Нема граници во достигнувањата кога го живеете својот сон секој нов ден!“