Кристијано Роналдо се претстави себеси во главната улога на… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо синоќа повторно беше јунак за Јувентус во ремито против Торино.

Гостите водеа се до 84. минута, а потоа Португалецот по одличниот скок во свој стил постигна погодок за 1:1 и го спречи Торино да му го нанесе третиот пораз на Јувентус во Серија А оваа сезона.

Денес 34-годишниот фудбалер го најави изданието „Стрикер Форс 7“, а португалската суперѕвезда објави на Твитер линк за трејлер на цртан филм и веб страна на која можат да се купат и стриповите со Роналдо во главната улога.

Цртаниот филм го прикажува Роналдо кој се преправа во суперхерој, борејќи се со бројни други анимирани ликови како роботи и вонземјани.

Изданието е пуштено по повод денот на беспланите стрипови.