Критики за Волкановски по поразот: Премногу брзо се врати во рингот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грузиецот Илија Топурија го нокаутира Александар Волкановски во втората рунда од нивната борба, по што професионални борци го критикуваа Австралиецот.

Волкановски пред крајот на 2023 година доживеа тежок пораз од Махачев, по што многумина очекуваа дека ќе паузира подолго период, но тој реши да се врати во рингот во февруари.

„Илија го заслужи триумфот, но сметам дека Волкановски се врати премногу брзо во рингот“, објави Џеред Гордон.