Крос: Дали се плашиме од ПСЖ? Ние сме Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера се одржа ждрепката во елитната Лига на шампиони (ЛШ), која ни донесе возбудливи натпревари, а најмногу интерес привлекува дуелот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ во осминафиналето.

Реал ќе се соочи против ПСЖ, кој сезонава се засили со многу ѕвезди во намера конечно да го освои трофејот во ЛШ, но „кралевите“ нема да бидат воопшто лесен противник.

Германскиот фудбалер Тони Крос е еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид и тој е оптимист пред пресметката со „светците“.

„Добивме интересен противник во следното коло, односно најтешкиот ривал, но ние играме за вакви натпревари. Ние сме Реал Мадрид и секогаш сакаме да се соочиме со најдобрите. Нашата самодоверба е на високо ниво и наша цел е да се пласираме во следното коло“, кажа Крос.