Крос донесе одлука: Ако не му се исполни барањето, ќе оди во пензија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Тони Крос е еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид веќе со години, а неодамна се поврзуваше и со трансфер во Манчестер јунајтед, но веднаш потоа се појавија и вести за пензија.

Сепак, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака да потпишат договор барем на уште една година.

Новинарот Флориан Плетенберг тврди дека Крос ќе ја промени одлуката за пензија само ако постигне договор да продолжи да игра за „кралевите“.

Перез планира да му предложи нов договор за сезоната 2023/24, а ако двете страни не се договорат, тогаш Крос ќе оди во пензија.

„Веќе размислував за пензија по Мундијалот во 2018 година и имав многу разговори со Лев, но подоцна решив да не се пензионирам“, кажа Крос.