Крос донесе одлука и ги расплака навивачите на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос имаше голема улога во освојувањето на многу трофеи на Реал Мадрид во претходните години, откако пристигна во екипата во 2014 година.

Крос има договор на уште една година со „кралевите“, кои сакаат да ја продолжат соработката со него, меѓутоа Германецот има поинакви планови.

Искусниот фудбалер доби понуда од шпанскиот шампион да стави потпис на нова соработка, меѓутоа тој не се согласи на тоа и порача дека не е вистинско време за преговори.

Многумина сметаа дека тоа е зашто сака да игра за некој друг клуб во иднина, но Крос има друга причина и кажа дека ќе почека да помине летото, по што ќе каже дали останува во Мадрид или ќе оди во пензија затоа што не сака да заработи поврда ако телото не му е во врвна форма.