Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот Тони Крос ја заврши фудбалската кариера со елиминацијата на неговата татковина од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП).
Крос во разговор со новинарите откри дека не планира да се сели во татковината, туку ќе остане во Шпанија каде што се чувствува безбедно.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид смета дека големите миграции драстично ја промениле Германија и повеќе не може да си ја препознае татковината.
„Германија повеќе не е истата земја од пред 10 години, а причина за тоа е масовната миграција. Секаде има проблеми, иако има и мигранти кои се добри луѓе. Ставот на Германците останува поделен на таа тема. Сепак, јас ќе останам да живеам во Шпанија“, кажа Крос.