Крос го нападна судијата зашто им ја „украл“ титулата: Бесен сум поради таа одлука!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос смета дека судијата Мартинез Муние ја решил трката за титулата, кога досуди пенал против неговиот тим во дуелот против Севиља.

Судијата досуди пенал за „кралевите“, но потоа го поништи и покажа на белата точка за Севиља, зашто Еден Милитао играше со рака.

Реал на крајот во судиско надополнување стигна до 2-2, но остана без важни два бода во борбата за титулата во Ла Лига.

Крос ја коментираше одлуката на судијата и смета дека тоа е голема грешка.

„Не се случува често, но тоа е еден од оние денови кога не се сложувам со одлуката на судијата. Кога го имате тоа чувство дека сте оштетени, можам да кажам дека не се сложувам. Зидан не се жали често на одлуките, но штом тој се побуни, тогаш значи дека нешто не беше во ред“, вели Крос.

Крос нема да може да им помогне на неговите соиграчи во последниот меч затоа што се зарази со вирусот.