Крос го пцуеше Анчелоти: Пи**а му матер, па играв добро…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид успеа да се пласира во полуфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), иако загуби на домашен терен од Челси со 2-3.

Челси имаше водство од 3-0 до 80. минута и беше на чекор до пласман во следното коло, но потоа Реал намали на 1-3, а во продолжението беше постигнат уште еден гол за 2-3.

Интересна ситуација се случи во 73. минута, кога при 0-2 тренерот Карло Анчелоти реши да го замени Тони Крос со Едуардо Камавинга.

Крос беше бесен затоа што мораше да излезе откако играше многу добро, па му дофрли неколку зборови на Анчелоти.

„Пи**а му матер, играв многу добро човеку…“, беа зборовите на Крос.