Крос им објасни на сите зошто Анчелоти е врвен тренер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти е еден од најуспешните тренери во историјата и тоа го докажа во претходните денови, кога ја освои шампионската титула во Ла Лига, а вчера избори финале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Анчелоти стана прв тренер кој освоил титули во топ-5 лигите во Европа, односно Премиерлигата, Ла Лига, Серија А, Бундеслигата и Лига 1, а со такво нешто досега никој не можеше да се пофали.

Германскиот фудбалер Тони Крос по мечот против Манчестер сити (3-1) реши да им објасни на сите зошто Анчелоти е одличен тренер.

„Анчелоти имаше неколку дилеми за резервните фудбалери, односно кого да го пушти на теренот. Ние фудбалерите имаме можност да размениме идеи затоа што сме гледале многу натпревари. Тоа добро го опишува Анчелоти и покажува во кој правец се движат работите. Секогаш знае кого да стави во игра, но го интересира и нашето мислење“, вели Крос.