Крос кажа каде сака да ја заврши неговата богата кариера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос има договор со Реал Мадрид до 2023 година, но не планира да си замине од шпанскиот гигант и сака таму да ја заврши кариерата.

Крос кажа дека не размислува повеќе за трансфери во неговата кариера.

„Јасно ви кажав дека сакам тука да ја завршам кариерата. Можеби во 2023 година, а можеби година или две подоцна“, кажа Германецот.

Одличниот фудбалер е стандарден член на првиот состав на „кралевите“ откако го пропушти почетокот на сезоната поради повреда.

Реал е лидер во шампионатот со 49 освоени бодови, додека Севиља има 44 бода, а исто така „кралевите“ вечерва во Саудиска Арабија го играат финалето во Суперкупот на Шпанија против Барселона.