Крос: Меси нема да дојде во Реал Мадрид зашто нема ма*иња!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот фудбалер кој го носи дресот на Реал Мадрид, Тони Крос порача дека Лионел Меси никогаш нема да може да се пресели од Барселона во Реал Мадрид.

Меси сака да замине од Барселона, а долго време се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата. Доколку ја напушти Каталонија како слободен фудбалер, тогаш најверојатно ќе потпише за Манчестер сити.

„Не мислам дека ќе дојде во Реал. Таа опција ја исклучувам. Му требаат ма*иња за такво нешто. Тешко кој во фудбалот би можел да ја замисли Барселона без Меси“, одговори Крос на прашањето дали Аргентинецот би можел да потпише за шпанскиот шампион.