Крос му верува на Зидан, зборови кои влеваат надеж кај секој навивач на Реал Мадрид!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Реал Мадрид не се прослави на стартот на сезоната и запиша неколку лоши резултати, но екипата уште е во трката за титулата, па шпекулциите дека Зинедин Зидан ќе си замине, паѓаат во вода.

Германскиот фудбалер Тони Крос зборуваше за „Марка“ за атмосферата и состојбата во клубот и кажа дека му верува на Французинот, со кого веќе освоија неколку трофеи.

„Кога не ги оправдуваме очекувањата, веднаш ни поставуваат прашања. Но, ситуацијата е нормална. Имавме слични и претходно, минавме низ лоши периоди. Ќе го минеме и ова, а Зидан е првиот човек кој знае што се случува во клубот и зошто засега нема резултати. Ќе ја поправиме играта и ќе пробаме да ги добиеме следните натпревари“, вели Крос.