Крос на оригинален начин го исмејуваше поранешниот клуб на Чурлинов!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос има одлична смисла за хумор, која на навивачите на еден паднат гигант нема дефинитивно да им се допадне.

Неодамна британскиот пејач Ед Ширан го наполни стадионот во Гелзенкирхен, каде што домашните натпревари ги игра Шалке, каде што настапуваше Македонецот Дарко Чурлинов.

Крос ја искористи атмосферата на стадионот за да го „пецне“ тимот од Германија.

„Ед Ширан успеа во нешто што ретко сум го гледал. Луѓето среќни го напуштаат стадионот на Шалке“, кажа Крос на гостување во една емисија.

Шалке во претходните години се соочуваат со тешка финансиска криза, а во новата сезона повторно ќе играат во Бундеслигата откако претходно испаднаа.