Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот фудбалер Тони Крос е еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид по неговото доаѓање од Баерн Минхен во 2014 година.
Крос им помогна на „кралевите“ да освојат четири титули во тој период, а вчера потврди дека ќе се пензионира во дресот на шпанскиот гигант, но не знае кога ќе се случи тоа.
Германецот има договор до крајот на сезоната, а најверојатно „кралевите“ ќе му го продолжат за 12 месеци, но засега не е познат ставот на Крос дали би прифатил такво нешто.
„Јас од фудбалот ќе се збогувам тука, но не знам кога ќе биде тоа. Сè уште не сум донел конечна одлука“, кажа Крос.
Тренерот Карло Анчелоти претходно кажа дека Крос ќе го продолжи договорот, а истото ќе се случи и со Карим Бензема и Лука Модриќ.