Крос се шегува и од карантин: За среќа, имам многу тоалетна хартија!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тони Крос е во изолација со семејството и тврди дека без проблеми го поднесува коронавирусот, односно ситуацијата која ја предизвика пандемијата.

Откако Тери Томпкинс беше позитивен на коронавирус, сите селекции на Реал Мадрид се во карантин.

На секој член на „кралевите“ му е направен посебен план за вежбање и прехрамбени препораки за да останат во форба.

„Не ми е досадно, може да замислите како ми е со три деца. Да се биде дома со деца не е никогаш досадно.без оглед како гледате на тоа, важно е што сме во ред. Исто така, за среќа, имам многу тоалетна хартија“, се пошегува Крос.