Крос со реален коментар: Не заслуживме пласман во четвртфинале во ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид одигра ужасен натпревар против Лајпциг во реваншот од осминафиналето на лигата на шампиони (ЛШ) и има среќа што не беше елиминиран туку мечот заврши нерешено (1-1).

Карло Анчелоти посочи дека неговите избраници одиграле лош меч, а тоа го потврди и искусниот германски фудбалер Тони Крос.

„Лајпциг одигра одличен натпревар, се бранеше добро и имаше опасни контра-напади. Знаевме дека може да бидат опасни, но ние не бевме доволно добри. Резултатот е една работа, додека реалноста е соседма друга. Не одигравме добро за да кажам дека заслуживме пласман во четвртфинале на Лигата на шампиони“, кажа Крос.