Крос сурово искрен: Меси не е ниту меѓу трите најдобри фудбалери во свет!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос даде изјава во која кажа дека Лионел Меси не е меѓу трите најдобри фудбалери во светот.

Меси заедно со Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски се бореше за наградата на ФИФА за најдобар фудбалер за 2020 година, а таа на крајот ја доби Полјакот.

„Левандовски апсолутно ја заслужи наградата и за мене Меси не беше ниту меѓу трите најдобри, зашто мислам дека оваа година не играше на врвно ниво“, вели Крос.

Многумина беа изненадени од тоа што Јирген Клоп ја доби наградата за тренер на годината пред Ханси Флик.

„Двајцата се добри тренери и Клоп имаше фантастична година. На крајот, не е ни важно кој ја доби наградата, двајцата го заслужија тоа“, кажа Крос.