Крос во фудбалска пензија заминува на 33 години, а го откри и последниот клуб во кариерата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тони Крос нема да ги поместува границите од фудбалот и реши да се збогува многу рано. Германецот по елиминацијата од Европското првенство (ЕП) најави дека ќе замине во пензија.

Во разговор со „Билд“ фудбалерот откри дека планира да се збогува на 33 години, односно кога ќе му заврши актуелниот договор со Реал Мадрид.

„Ќе се пензионирам во Мадрид, во тоа сум сигурен. Мислам дека 2023 година е идеална за такво нешто. Тогаш ќе имам 33 години“, кажа генијалниот фудбалер.

Сепак, Крос не ја одбива можност за продолжување на соработката и тоа под услов да го сакаат во Реал и понатаму.

„Можеме да седнеме и заедно да решиме дали ќе го продолжиме договорот на една или две години. Отворен сум за таква можност“, кажа Крос.

Германецот во Мадрид стигна во 2014 година од Баерн Минхен за 25 милиони евра, а од тогаш настапи и го освои секое можно натпреварување со „кралевите“.