Круниќ: Воодушевен сум со играта на Ц. Звезда, жал ми е што мораа да испаднат!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан се пласираа во следната фаза од натпреварувањето во Лигата на Европа. Првиот натпревар во Белград заврши 2-2, додека вчера на „Сан Сиро“ резултатот беше 1-1.

По натпреварот за „Арена спорт“ зборуваше Раде Круниќ, кој кажа дека Ц. Звезда бил одличен противник.

„Искрено Звезда играше подобро од нас. Тие покажаа поголема желба за победа. Во Белград бевме за нијанса подобри од денеска. Можам да кажам дека сум воодушевен со играта на Ц. Звезда. Можам да ви кажам дека ми е жал што мораа да испаднат. Сепак, мило ми е што Милан е во следното коло од Лига Европа“, вели Круниќ.