Куња побара „десетка“, но и астрономска плата – Јунајтед му ги исполни желбите!


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


На сите им е јасно дека бројни промени ќе се случат во Манчестер Јунајтед ова лето и дека ќе има доста заминувања, но и доаѓања.

Еден од играчите кој Рубен Аморим сака што побрзо да го доведе е Матеуш Куња кој оваа сезона играше впечатливо во дресот на Вулверхемптон.

Бразилецот навистина играше одлично и го привлече вниманието на себе, а сето тоа очигледно ќе му донесе голем трансфер во Манчестер Јунајтед.

Куња во својот договор имаше откупна клаузула од 75 милиони евра која Манчестер Јунајтед ќе ја активира, и така ќе го доведе овој играч.

Веднаш протекоа детали од договорот кој ќе го добие Куња во Манчестер Јунајтед, а тој побара некои огромни работи.

Пред сè, неговата плата значително ќе порасне, што е навистина впечатливо со оглед на тоа дека Манчестер Јунајтед има проблеми со финансиите.

Така, наместо досегашните 140 илјади евра неделно, Куња во Манчестер Јунајтед ќе заработува околу 230 илјади евра месечно.

Тоа значи дека ќе биде четвртиот најплатен играч во Манчестер Јунајтед веднаш зад Каземиро, Бруно Фернандес и Мејсон Маунт.

Фото: Принтскрин