Куче на новинарка го прекина пресот на Дејвис, кошаркарот се изнасмеа (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс е на прагот да се пласира во финалето на нивната конференција, откако поведе со 3-1, по триумфот од 110-100 против Хјустон.

Еден од најдобрите на паркетот беше Ентони Дејвис, кој постигна 29 поени, а по мечот требаше да даде изјава на прес-конференцијата.

Сепак, нешто необично се случи на пресот, кога кучето на новинарката почна да лае и кошаркарот ништо не можеше да слушне, по што се изнасмеа. Поради ковид-19, новинарите им поставуваат прашања на кошаркарите на прес преку видео-врска.