Кулибали пред трансфер на кариерата – се сели во Лондон!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека 31-годишниот дефанзивец Калиду Кулибали ова лето ќе си замине од Наполи, а како негов следен клуб се споменува премиерлигашот Челси.

Наполи сакаше да го задржи и му понуди дури и директорско место во тимот, но Кулибали не сака да ја продолжи соработката, која му завршува следната година, па поради тоа италијанскиот клуб ќе се обиде да заработи нешто од негов трансфер.

Специјалистот за трансфери Фабрицио Романо објави дека Кулибали е блиску до преселба во Челси, каде што треба да го замени Антонио Рудигер, кој претходно се пресели во Реал Мадрид.

Наполи од трансферот треба да заработи 40 милиони евра, а се очекува дефанзивецот да потпише тригодишен договор со „сините“.