Кулибали со емотивна порака се збогуваше од Наполи (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сенегалскиот репрезентативец Калиду Кулибали си заминува од Наполи и се сели во Челси, откако тимовите го договорија неговиот трансфер, а дефанзивецот ги помина медицинските прегледи и потпиша договор.

Кулибали постојано се поврзуваше со трансфер, но претседателот на тимот, Аурелио Де Лаурентис не попушташе и бараше 150 милиони евра, но овој пат се согласи да го продаде за „само“ 40 милиони евра.

„1 јуни 2014 година, незаборавен датум, моето пристигнување во Наполи и почетокот на приказна за чиста љубов. Бев срамежливо момче, но со голема желба да му покажам на светот што можам. Ви благодарам за сè. Сега е време да заминам, време е за нова авантура“, напиша Кулибали меѓу другото.