Кулушевски искрен: Никој не е како Конте!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски не беше среќен во Јувентус и се пресели во Тотенхем, каде што се препороди.

Иако сè уште има договор со Јувентус, сепак Кулушевски нема намера да се врати во Торино затоа што верува дека Тотенхем ќе го откупи ако на клупата остане Антонио Конте.

„Не бев среќен во Јувентус, па така преселбата во Тотенхем беше најдобра одлука за мене. Пресреќен сум за соработката со Конте. Верувајте ми, никогаш во животот никој не сум видел да биде толку мотивиран како Конте“, кажа Кулушевски.

Неодамна се појавија шпекулации дека Конте ќе се врати во Јувентус, каде треба да го замени Масимилијано Алегри по лошиот старт на сезоната, но засега нема ништо од тоа.