Куман дополнително го понижи Луис Суарез: На Уругваецот му е наложено да…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман дополнително го понижи уругвајскиот репрезентативец, Луис Суарез.

Искусниот напаѓач добил забрана за тренинг со првиот тим и му било наложено во следниот период да тренира сам, одвоен од екипата.

Суарез ќе си оди од таборот на Барселона, а за тоа да се случи се очекува клубот спогодбено да му го раскине договорот.

Кога тоа ќе се случи, тој веројатно ќе направи трансфер во Јувентус, клубот кој е единствен кандидат за неговиот потпис во овој момент.