Куман го пронајде „кртот“ во соблекувалната на Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа се измачи за да освои три бода против Леванте. Каталонците победија со 1-0, а решавачкиот погодок го постигна Лионел Меси.

Каталонските медиуми откриваат дека постоел непријатен разговор меѓу тренерот Роналд Куман и талентираниот Рики Пуиг.

„Ти си кртот“, наводно му кажал Куман на Пуиг, кој го обвинил за откривање на информации од соблекувалната.

Талентираниот фудбалер, наводно, им ги откривал составите на Барселона на медиумите пред натпреварите.

Овој 21-годишен фудбалер го гледаше цел меч против Леванте од клупата, а сезонава запиша четири настапи.

Пуиг претходно имаше проблеми и со тренерот Ернесто Валверде, додека Кике Сетиен му даваше поголема минутажа од останатите.