Куман и Ван Дајк: Тоа не беше пенал, судијата го уништи мечот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холанѓаните се разочарани по поразот од Англија (1-2) во полуфиналето на Европското првенство (ЕП), па поради тоа се жалеа на одлуките на судијата Феликс Цвајер од Германија.

Селекторот на Холандија, Роналд Куман кажа дека ВАР-технологијата го уништува спортот, а исто така го обвини Цвајер дека донел очајна одлука.

„Тоа е очајна одлука. Што треба да направи дефанзивец во таква ситуација? Не беше пенал, ВАР го уништи фудбалот“, кажа Куман.

Со одлуката на неговиот тренер се сложува и дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк кој смета дека судијата не требало да досуди пенал.