Куман може да биде среќен: Депај се договори со Барселона!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лион е свесен дека ќе остане без Мемфис Депај, па сака летово да го продаде за да заработи барем нешто од неговиот трансфер.

Холанѓанецот е една од првите желби на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, а очигледно Депај е блиску до „Камп Ноу“.

Спортскиот новинар Фабрицио Романо пишува дека Депај, откако пред неколку дена почнаа преговорите, постигнал договор со Барселона за личните услови.

Меѓутоа, преговорите кои следат се тие меѓу клубовите. Во претходните денови се шпекулираше дека Лион бара 30 милиони евра, додека Барселона во моментов го проценува на 20-25 милиони евра.