Куман покажа „мускули“: Ново правило во Барселона за тренинг!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


И додека заминувањето на Лионел Меси е главна тема во светските медиуми, фудбалерите на Барселона се подготвуваат за следната сезона.

Фудбалската судбина на еден од најдобрите фудбалери во историјата ќе биде позната во следните неколку дена, а од друга страна тренерот Роналд Куман внесува ред и дисциплина меѓу фудбалерите.

Шпанските медиуми пишуваат дека новиот шеф на стручниот штаб наметнал жесток ритам и нови правила за фудбалерите на каталонскиот гигант.

Куман решил да ја подобри дисциплината во составот, па така им наредил на сите фудбалери дека во тренинг-кампот мора да дојдат еден час пред почетокот на тренингот.