Куман понижи свој фудбалер како никогаш досега! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона во четвртокот победи со 5-2 против Хетафе во мечот од 31. коло во шпанската Ла Лига.

Иако беа постигнати пет гола, сепак мечот не беше премногу возбудлив, а Барселона стигна до нови бодови со кои ја продолжи трката за титулата со Атлетико и Реал Мадрид.

Шпанските медиуми денеска пишуваат за потегот на Роналд Куман, кој беше лут на Мингуеза, откако тој во една акција замина премногу во напад и така ризикуваше Барселона да прими гол.

Фудбалерот се обиде да го поздрави тренерот, кој се правеше како да не го гледа, а во Шпанија има поделени мислења поради овој потег на Куман.