Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Роналд Куман денеска и официјално беше промовиран како нов предводник на тимот на Барселона.
Холанѓанецот предмалку и официјално беше презентиран на јавноста пред која ги даде и првите одговори како тренер на каталонскиот гигант.
„Барселона е мој дом и предизвик е да се тренира тим кој секогаш тежнее кон најдоброот. Ова е одличен ден сите да дознаат дека сонував да станам тренер на Барселона. Не беше лесно да дојдам овде каде што сум и знам што се очекува од мене.
Меси е најдобар светски играч и нормално е дека го сакам во својот тим. Се надевам дека тој ќе остане овде уште многу години. Што се однесува до промените во тимот, не сакам сега да зборувам за тоа затоа што треба прво да почнеме да зборуваме за тоа. Се се одвиваше многу брзо, а сега се фрлам на работа“ –изјави Куман.