Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тибот Куртоа беше заменет на полувремето на средбата во 2. коло од ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Клуб Бриж (2-2).
Иако првично се чинеше дека Зидан го замени белгискиот голман бидејќи не бил задоволен од бранењето, Куртоа бил заменет од здравствени причини.
Тој се пожалил на болки во стомакот, на полувремето повраќал во соблеквалната, па францускиот стручњак немал избор, па морал да го замени.
Дека ситуација е сриозна потврдуваат и денешните случувања, бидејчу Куртоа не се појавил на тренинг, што значи дека ќе паузира некое време.
Тој нема да брани на средбата против Гранада, а неговиот нареден настап се очекува на 30. октомври на Сантијаго Бернабе против Леганес.
Ова значи дека Белгиецот нема да биде во конкуренција против Мајорка и Барселона во првенството, како и против Галатасарај во ЛШ