Куртоа со жесток напад кон шефот на Ла Лига


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Вратарот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, остро го критикуваше претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, по неговите изјави за Клупскиот светски куп.

Куртоа забележа: „Никогаш досега не сум видел претседател на некоја лига да зборува на начин како што тоа го прави Тебас“.

Повод за неговите зборови беше изјавата на Тебас. Имено, тој го критикуваше новиот формат на Клупскиот светски куп и го доведе во прашање неговото постоење и значење.

Куртоа, во врска со Лига ер, додаде: „Не сака Светското клупско првенство да постои? Па, постои – и толку од тоа“.

Фото: Принтскрин