Кутињо нема да игра за Барселона зашто на Каталонците не им се даваат пет милиони евра!

Фелипе Кутињо до крајот на сезоната нема да настапува за Барселона затоа што Каталонците не сакаат да платат пет милиони евра.

Кутињо во моментов е повреден и се рехабилитира, но и да не беше повредата, Бразилецот тешко дека ќе излезеше на теренот.

Барселона се соочува со финансиска криза и поради тоа Каталонците бараат начин како да заштедат пари и да избегнат да платат дополнителни бонуси.

Барселона кога го купи Кутињо, се договори со Ливерпул да доплати пет милиони евра, а тоа ќе се случи ако настапи уште на седум натпревари сезонава.