Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот напаѓач Патрик Кутроне изјави дека летово бил присилен да го напушти Милан.
Кутроне израсна на Сан Сиро, поради својата пожртвуваност тој меѓу навивачите беше омилен, но после 12 години во клубот летово замина во Волверхемптон.
Во разговорот за Дејли Мејл призна дека не му било лесно да замине од Милан, но дека бил приморан да го направи тоа бидејќи во клубот му дале до знаење дека повеќе не е вклучен во посериозните планови.
„Во одреден момент некои луѓе од клубот ме доведоа до ситуација каде што морав да кажам: ’Ок, си одам’. Сега незнам да објаснам што навистина се случи, но после сите разговори, одлуката ја донесов и не се каам“, изјави Кутроне.
Не размислуваше премногу пред да се јави во Волверхемптон.
„Бев свесен за интересот на Волвс, а откако работите станаа конкретни, не се двоумев. Во животот морате да носите одлуки и покрај тоа што не ми беше лесно, особено бидејќи со сите играчи во Милан бев во одлични односи, како и со навивачите“, додаде Кутроне и на крајот додаде дека тој засекогаш ќе биде Миланист.
Милан од продажбата на овој 21 годишен напаѓач заработи околу 20 милиони евра.