Кузма потпиша нов договор со Лејкерс и ќе остане во Лос Анџелес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кајл Кузма потпиша нов договор со Лос Анџелес Лејкерс, по Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, кои претходно ги продолжија соработките.

Кузма ќе биде трета ѕвезда на Лејкерс покрај Џејмс и Дејвис која потпиша договор, но сепак минутажа ќе чека од клупата затоа што ќе биде во улога на резерва.

Кошаркарот ќе добие 40 милиони долари за тригодишна соработка со Лејкерс, а ќе може да си замине пред сезоната 2023/24 како слбооден агент.

Претходно многумина сметаа дека Кузма ќе го напушти Лос Анџелес, но Кузма ги изненади сите и остана во Лејкерс.