Кузма со тројка во последната секунда донесе победа на Лејкерс против Денвер (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на ЛА Лејкерс славеа синоќа во одличен натпревар против Денвер Нагетс со 124:121.

Лејкерс веќе го обезбедија првото место во Западната конференција, но тие продолжија да играат добро и не си дозволија премногу опуштање. Денвер синоќа покажа многу голем отпор, и беше близу до победа, но на крајот тоа не се случи.

Уште од самиот почеток на натпреварот, гледавме рамноправна борба, па немаше големи предност во однос на резултатот. Лејкерс го презедоа водството по првата четвртина со резултат 31:25, додека на полувреме резултатот гласеше 64:59 за Џејмс и соиграчите.

Но, Денвер се врати резултатски во третиот период и успеа да стигне до неизвесна завршница. Сепак, Лејкерс го имаа последниот напад на натпреварот, а Кузма запиша победа со тројка.

Леброн Џејмс се издвои синоќа во Лејкерс со 29 поени и 12 асистенции, додека Ентони Дејвис додаде 27 поени, шест скока и пет асистенции. Херојот на овој натпревар, Кајл Кузма, постигна 25 поени.

Кај Денвер, најефикасен беше ПЈ Дозиер со 18 поени, додека Никола Јокиќ одигра скромен натпревар и постигна 12 поени.